Душица Перишиќ
Извршен директор на ЗЕЛС
Извршен директор на Зелс (Здружение на единиците на локалната самоуправа), Скопје, Северна Македонија
Од јуни 2001 година, како извршен директор на ЗЕЛС, се вклучи во подготовката на законодавството кое ја поставува основата за тековната децентрализација на надлежностите и финансиите, процес кој се спроведува во Република Северна Македонија од јули 2005 година. 15 години долгогодишното искуство и знаење стекнато со работа со општините низ Северна Македонија и регионот, како и нејзината специјализација во областа на фискалната децентрализација, и овозможува да биде визитинг професор на тема локална самоуправа на Правниот факултет при Универзитетот во Скопје. Под нејзино раководство ЗЕЛС се здоби со меѓународно признание и стана членка на ЦЕМР (Совет на европски општини и региони), НАЛАС и АЛДА. Делегација на ЗЕЛС учествува во работата на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија, претставен преку Комитетот на регионите. Нејзините вештини во областа на локалниот и организациски менаџмент се унапредуваат со учество на студиски програми во Швајцарија, Холандија, Белгија, Данска итн. , заедно со промоција на трговијата и долгогодишно искуство во администрација, сметководство и организациски менаџмент.